Select Page

MIT UNIVERZITET Osnovano predstavnistvo Akademije Purity u Skoplju

mit

Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија*

Колеџот по медицинска козметологија (College of Medical Cosmetics) е основан во 1997 година и е водечки факултет во областа на медицинската естетика и козметологија во Израел, САД и Србија.
Од академската 2014/2015 година првпат и студентите на МИТ Универзитет Скопје имаат привилегија да бидат со најдобрите и да бидат дел од овој високообразовен процес.
Колеџот за медицинска козметологија е факултет за медицинска козметологија воден од еминентни професори и доктори кои се лидери во оваа област.
Сите тие имаат иста цел насочена кон убапредување на квалитетот на образовниот процес преку изучување на теоретска и практична настава и следење на современите трендови во козметологијата за да создаваат кадри кои ќе бидат идни лидери во медицинската козметологија.
Студентите на колеџот за медицинска козметологија имаат можност да ја изберат својата следна професија определувајќи се за следните насоки за студирање: естетска козметологија, супер мејк ап артист и велнес, спа и физиотерапевт.
Имено, студентите кои ќе се запишат на овој светски познат факултет добиваат еден вид самопромоцијаи големо олеснување во процесот ан пронаоѓање на адекватно работно место.
Почитувани идни студенти, стекнатите знаења и вештини, како и меѓународно признатите дипломи на овој факултет ќе ви отворат многу врати и ќе ве однесат каде и и да посакате.

Со плагање на испитите по соодветните стручни предмети и насоки, студентите се здобиваат со меѓународно признати дипломи издадени од York University USA и College of Medical Cosmetics, Tel Aviv, Israel, со што стануваат лидери во својата област.

Обраќање на основачот

МИТ Универзитет е млад универзитет со големи амбиции и визии за престиж во високото образование втемелено на големите потенцијални можности создадени од менаџерскиот тим и од тимот на врвни професори и научни работници. МИТ Универзитет во рамките на своите интегрирани единици од повеќе факултети нуди лепеза од научни дисциплини кој се нужно потребни на современите текови на живеење. Менаџментот кој е суштината на раководење и организирање на секоја дејност се изучува на факултетот за менаџмент кој нуди повеќе модули преку кои студентот се профилира во кадар теоретски и практично обучен во својата област. Денес светот не може да се замисли без компјутери и информатички науки, за таа цел факултетот за компјутерски науки и технологии остручува кадри конкурентни на светските информатичари. Глобалните проблеми со екологијата, храната, водата и условите за живот нé наведоа на фактот за стручно приоѓање на овие проблеми и нивно решавање со помош на науката. Токму ова го овозможува факултетот за менаџмент на еколошки ресурси со наставните програми  за менаџирање со води, аграр и безбедност на храна. Компаратив на овој факултет е факултетот за менаџмент на туризам со посебен акцент на еколошкиот и рурален туризам и националната гастрономија, бидејќи  светот е заситен од урбаниот и нездрав живот и е во постојана потрага по алтернативни места за одмор и рекреација. Придонес на ова дава и сопствениот еколошки кампус, лоциран во Македонски Брод (Пешна-Дедо Илија) каде што гостинот е послужен со здрава храна во еколошки здрава и незагадена околина.
Факултет за архитектура е потреба на секое општество, градителството реализирано преку идејата на архитектонскиот уметник е дело кое останува за идните генерации, токму на тоа се учат и нашите студенти, идни дипломирани инженери архитекти на факултет за архитектура. Следејќи ги интересите и потребите на студентите, од оваа година кај нас ќе можат да студираат и на факултетот за безбедност криминологија и финансиска контрола, факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија, факултетот за психологија и воздухопловниот колеџ. Сите програми за факултетите се изработени од врвни професори и стручњаци едуцирани во престижните светски универзитети. Програмите се компатибилни со Европските programi, предавањата се изведуваат на македонски и англиски јазик, воведен е ЕКТС sistemot со можност на пренос на кредити, дипломи и додаток на дипломи (diploma supplement), сé со цел на нашите студенти да им овозможиме едноставно преминување на и од други Европски универзитети, притоа овозможувајќи им рамноправно учество на европскиот пазар на знаење. Ваквиот начин на студирање  im овозможува и на студентите кои се државјани на други земји, да ги користат нашите услуги во делот на образованието и науката.
 МИТ Универзитет е извор на знаења во кои се испреплетени теоријата, праксата и науката. За таа цел создадовме и свои научно- истражувачки лаборатории во кои секојдневно заедно работат нашите  професори, студенти и еминентни светски стручњаци, а своите врвни научни резултати ги имплементираат во стопанството. Со цел оваа ризница од врвни достигнувања да се презентира пред светската научна јавност, со свои трудови  учествуваме на многу меѓународни симпозиуми и конфереции.
Биди креативен, биди храбар и студирај со најдобрите.
М-р Билјана Апостолова
Генерален директор